Дибиров и Стоилов по исклучувањето на Вардар од ЛШ: Разочарување, неправда и голем удар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Играчите очекуваат информации и разговор со раководството на клубот за да се одлучи што и како понатаму

По одлуката на Европската ракометна федерација (ЕХФ) да се исклучи Вардар од настапот во Лигата на шампионите 2022/2023, големо разочарување и неизвесност моментно владее меѓу ракометарите на црвено-црните. Тие не знаат на што се и очекуваат информации и договор со раководството на клубот.

Руското крило Тимур Дибиров ни изјави дека се уште е рано да донесе одлука за некакво заминување и чека информации од управата.

– Има големо разочарување и некакво чувство на неправда (поради исклучувањето на Вардар од ЛШ н.з.). Се уште е рано да зборуваме што понатаму, затоа што се уште немаме поконкретни информации од клубот. За одредено време треба да се собереме сите и ќе разговараме како Вардар ќе функционира понатаму. Моментно сме во неизвесност – ни изјави Дибиров.

EPA-EFE/Piotr Polak

За Стојанче Стоилов ова е голем удар за клубот.

– Голем удар му е нанесен на Вардар. Како може така да одлучиле (ЕХФ да го суспендира Вардар н.з.)?! Не знам дали имале предвид дека тоа ќе биде страшно голем удар за клубот! Сите играчи чекаат и се во неизвесност околу тоа што ќе биде со Вардар понатаму. Чекаме со луѓето од клубот да видиме како понатаму – ни изјави Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот