Ди Мајо: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Европската интеграција на Западен Балкан останува наша клучна геостратешка и политичка инвестиција за да се зацврсти мирот, помирувањето, стабилноста и просперитетот на Европа.

Ова го изјави денеска, министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо, на работен појадок со надворешните министри во Брисел за поддршка за отварањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија.

– Во врска со преговорите за проширување, нивното отварање ќе го означи само почетокот, а не завршувањето на европскиот пат. Не можеме да го потцениме потенцијалното влијание во регионот којшто може да се појави поради нашите двоумења, особено кога се работи за реформските ставови во регионот – рече Ди Мајо.

Тој додаде дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија.

– За да се постигне оваа цел, правната држава треба да биде камен-темелник на процесот за проширување. Нашата колективна ангажираност потврдува дека сите ние сме свесни што сѐ е во игра, вклучително и кредибилитетот на ЕУ како глобален актер – додаде Ди Мајо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот