Џордан лаже, приказните за пицата и желбата да остане во Чикаго не се вистинити

Документарниот филм „Последниот танц“ продолжува да ја бранува кошаркарската јавност во САД.

Сите десет епизоди од штотуку завршениот документарен филм „Последниот танц“ пред да бидат објавени мораа да добијат одобрение од  самиот Мајкл Џордан и поради тоа дел од нив доживеаја неколку промени за потребите на филмот.

Веќе дел од актерите јавно почнаа да го искажуваат своето незадолство од изменетата вистина прикажана во „Последниот танц“, а најгласен беше поранешниот играч на Чикаго булс, Хорас Грент, кој беше обвинет од страна на Џордан дека е цинкарош и дека тој му ги давал информациите на новинарот Сем Смит за неговата контроверзна книга  „Џордановите правила“.

Сега се јави и самиот Сем Смит кој во 1990-тите години ги следеше случувањата во Чикаго булс и тврди дека доста детали прикажани во документарниот филм се невистинити и потврди дека Грент не е неговиот извор за книгата.

– Имав добри односи со голем број луѓе во Чикаго булс. Фил Џексон и помошниот тренер Џони Бах ги познавав од порано. Но, Грент отсекогаш му беше трн во окото на Џордан бидејќи постојано му се спротивставуваше додека летечкиот ги малтретираше соиграчите – вели Смит.

Смит тврди оти изјавата на Џордан по завршувањето на филмот дека сите кошаркари на Чикаго се подготвени да се вратат и да одиграат уште една сезона доколку управата им понуди такво нешто.

– Тоа е бесрамна лага на Мајкл. Во филмот видов уште некои работи за кои знам дека Мајкл ги измисли или лажеше за нив. Тоа не беа големи работи, туку како и при промовирањето на филмовите се вели дека „базиран на вистински настани“. Така беше и со „Последниот танц“, има многу изменети  вистини – додава Смит.

Една од приказните за кои Смит вели дека не е вистинита е таа за пицата поради која Џордан во петтиот натпревар од финалето против Јута 1997 година играше со температура и со болки во желудникот.  На тој натпревар иако играше болен, Џордан постигна 38 поени и му донесе триумф на својот тим, а во филмот тој зборуваше дека странува збор за труење од храна, односно пица која ја порача во вечерта пред натпреварот во Солт Лејк Сити.

– Пица, отров, тоа се бесмислици – тврди Смит.

Медиумите успеаја да го пронајдат човекот кој му ја доставил пицата и тој изјавил дека таа вечер доставил десетина пици во хотелот на Чикаго со што ги демантира тврдењата на Џордан дека тој порачал само една пица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот