Џонсон: Почит за Филип и неговата љубов кон кралицата

Борис Џонсон. / Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT

Британскиот премиер Борис Џонсон денес му оддаде почит на принцот Филип за неговата поддршка за кралицата Елизабета, давајќи и љубов во текот на целиот нивни заеднички живот.

– Тој даде нешто што сите го знаеме во нашите срца, а тоа е постојана љубов кон Нејзиното височество кралицата … ја поддржуваше во текот на оваа исклучителна ера на Елизабета, за време на најдолгото владеење на кој било монарх во нашата историја, рече Џонсон обраќајќи се во Парламентот, за првпат по смртта на војводата од Единбург.

Принцот Хари пристигнал без Меган во Велика Британија по повод смртта на принцот Филип

Неговиот портпарол информира дека Џонсон ќе го гледа погребот на принцот Филип на телевизија поради ограничувањата воведени со цел спречување на коронавирусот, согласно кои на погребот можат да присуствуваат 30 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот