Принцот Хари пристигнал без Меган во Велика Британија по повод смртта на принцот Филип

Profimedia
Фото: Профимедиа

Принцот Хари пристигна во Велика Британија за да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип.

Војводата од Сасекс бил фотографиран на аеродромот „Heathrow“ во Лондон, бил облечен во црно и на лицето имал црна заштитна маска, пишува „The Sun“.

Ова е првпат Хари да биде во неговата земја по повеќе од една година. Исто така, тоа е прв пат да ги види членовите на кралското семејство по интервјуто што заедно со Меган го имаа со Опра Винфри.

Profimedia
Profimedia

Во саботата, Бакингемската палата потврди дека војводата од Сасекс ќе присуствува на погребот на принцот Филип.

Извори потврдиле дека Хари ќе биде во карантин од кој ќе може да излезе по пет дена ако неговиот тест за коронавирус биде негативен, што значи дека ќе може да присуствува на погребот на принцот Филип, на 17 април. 

Принцот пристигнал во Велика Британија сам, а Меган останала во Калифорнија поради препорака на нејзиниот лекар.

Според кралските извори, семејството ќе се фокусира на оддавање почит на принцот Филип и нема да се зборува за интервјуто на Меган и Хари со Опра Винфри.

Семејните разговори сега ќе бидат поврзани во врска со смртта на принцот Филип – и ништо друго. Кралицата прогласи кралска жалост што ќе трае две недели, па затоа е сосема јасно дека ова е фокусот“, рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот