Џон Траволта воочи историска грешка во новиот филм на Тарантино!

Profimedia

Џон Траволта и Квентин Тарантино секогаш ќе бидат поврзани со филмот „Pulp Fiction“ од 1994 година, кој за Тарантино беше пат до светскиот успех, а на Траволта му ја спаси кариерата која во тој период започна да пропаѓа. Затоа не е ни чудно што Траволта го погледна и последниот филм на Тарантино „Once Upon A Time In Hollywood“, кој се одвива во 1969 година, но има една значајна грешка која ја воочил авијатичарот. Всушност, после проекцијата на филмот од Траволта „The Fanatic“, порталот The Wrap организирал прес со Траволта, кој посочи историска неточност во новиот филм на Тарантино.

Profimedia

„Леонардо ди Каприо како Рик Далтон се враќа од Италија или од местото каде што бил, а нараторот во филмот кажува дека летал со моделот 747. Моделот 747 имал пробен лет во февруари 1969 година, но во комерцијална употреба е пуштен дури во јануари 1970 година. Значи, полни 9 месеци подоцна. Тој можел да лета во Боинг 707“, рекол Траволта на собраните обожаватели. Траволта е познат како пилот кој е сопственик на 4 авиони и често со нив патува низ светот.

Освен тоа, Траволта живеел во Лос Анџелес во 1969 година и добро се сеќава на времето кога била убиена Шерон Тејт која во филмот „Once Upon A Time In Hollywood“ ја глуми Маргот Роби. Тој тогаш имал 15 години. „Се сеќавам дека бев преплашен после убиството на Шерон Тејт. На тие работи подобро се сеќавам отколку на снимањето на „Pulp Fiction“ кое ми беше едно од најзначајните“, изјавил Траволта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот