Џинот Ван Дајк како мало дете покрај НБА ѕвезда (ФОТО)
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџин ван Дајк со своите 193 сантиметри е еден од највисоките фудбалери на денешницата и во споредба со пониските противници изгледа како вистински колос.
Бидејќи фановите се навикнаа да го гледаат како доминира со својата висина и сила, па средбата со новата НБА сензација, Тако Фал резултира со неверојатни сцени.
Тако Фал е сенегалски кошаркар и нова сензација во НБА лигата, тој на последниот драфт беше избран од Бостон селтикс, висок е 231 сантиметар со што се израмни со Мануте Бол и Георге Мурешан како највисоки кошаркари кои настапувале во НБА лигата.
Ливерпул токму во Бостон играше против Севиља (2:3) и по натпреварот фудбалерите на европскиот шампион се дружеа со кошаркарите на Бостон, а сликите на кои Ван Дајк изгледа како мало дете покрај кошаркарскиот колос станаа вистински хит на социјалните мрежи.