Џиџи Датоме од Фенербахче во Олимпија Милано

фото: твитер

32-годишниот Луиџи Датоме одлучи после пет години да се раздели со турскиот клуб Фенербахче.

Само неколку часа подоцна, дојде и официјална потврда за неговиот нов клуб во кариерата.

Италијанецот се врати на домашно тло, односно од следната сезона ќе ги брани боите на Олимпија Милано.

Ова е четврто големо засилување за клубот, откако претходно беа ангажирани Малколм Дилејни (Барселона), Кајл Хајнс (ЦСКА) и Кевин Пантер (Црвена звезда).

Џиџи Датоме претходно играше уште за Монтепаски Сиена, Скафати, Виртус Рома, Детроит пистонс и Бостон Селтикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот