Џиџи Бекали: Фудбалерите можат да живеат и со 700 евра!

фото: твитер

Повторно сопственикот на романскиот фудбалски клуб ФЦСБ (Стеауа) се наоѓа во центарот на вниманието со неговите „ударни“ изјави.

Во период каде што скоро сите спортски натпреварувања се одложени, прекинати поради епидемијата на коронавирусот, првиот човек на ФЦСБ има радикални предлози со цел кризата да се намали.

Џиџи Бекали смета дека во ваков период фудбалската федерација на Романија треба да направи две работи:

– Прво и основно, сите играчи мора да прифатат половина плати. Ова е вонредна состојба, никој не може да издржи вакви договори. Кај мене платите се од 10.000 евра месечно, па нагоре. Значи, секој ќе добие барем 5.000 евра. Секако повеќе отколку во другите клубови – рече Бекали во изјава за романскиот „Pro X“.

– А второ, да ни дозволат да отпуштиме максимално тројца играчи. На тој начин ќе се намалат трошоците. А на тие тројца би им плаќале некои пари додека не најдат нов клуб. На пример, 1.000 евра или просечна плата. Фудбалерите можат да живеат и со 700 евра, не им требаат 15.000. Дали сакате сите да умреме или да бидеме малку посиромашни?

Значи доколку овие две работи не се направат, нашиот фудбал ќе умре. Ќе му кажам збогум на фудбалот! – додаде Бекали.

Пред пет дена Бекали исто така имаше сериозна изјава за играчите поради ситуацијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот