НЕ ИМ ВЕРУВАМ НА ИГРАЧИТЕ: Не се шегува газдата на Стеауа среде коронавирусот!

фото: твитер

Овој бизнисмен познат и по ексцентричните настани, шефот на романскиот фудбалски великан не попушта и играчите тренираат секојдневно.

Можеби една од најконтроверзните фудбалски личности во Романија, Џиџи Бекали, сопственикот на романскиот фудбалски клуб Стеауа.

Овој бизнисмен познат и по ексцентричните настани, а и во овој период на епидемијата на коронавирусот си дозволува повторно да се најде во центарот на вниманието.

Што се однесува до романскиот фудбал, таму на сила е прекинот до 16 мај, а додека голем број на спортски екипи се во карантин и самоизолација, играчите на Бекали се принудени секој ден да доаѓаат на тренинг.

– Не им верувам ништо. Не им верувам на моите играчи. Тие нема да тренираат во домашна атмосфера. Каде да го направат тоа, во просторија од 20 метри? Затоа мораат да тренираат во нашиот тренинг центар, на секој ќе му поделиме простор, секој ќе биде одвоен на пет метри еден од друг. Сериозно го сфаќаме коронавирусот, но имаме голем терен на кој сите можат да тренираат – рече Бекали.

Но, тоа не е сè. Газдата на клубот од Букурешт не им дозволува на играчите дури ниту да се тушираат после тренингот.

– Моите играчи мораат да тренираат, но ќе им биде забрането заедно да се тушираат. Ќе тренираат и потоа ќе си одат дома на туширање – додаде газдата на Стеауа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот