Џенова му понуди нов договор на „Гранде“ Пандев!

И играчите на Наполи се смееја на судиската одлука/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Горан Пандев на Европското првенство ги имаше последните настапи за македонската А репрезентација, на дуеот со Холандија и официјално стави крај на репрезентативната кариера.

37-годишниот Пандев најголемиот дел од клупската кариера ја има поминато во Италија, со Интер во 2010 година ја освои Лигата на шампионите, воедно тој е најдобриот стрелец во историјата на нашата сениорска селекција со 38 голови од 122 настапи.

За Џенова настапува од 2015 година и досега има 156 настапи со 28 погодоци. Сезонава успеа да обезбеди опстанок со клубот во најсилната италијанска Серија А.

Неговиот важечки договор со екипата истекува на 30 јуни, а се очекува во следните денови нашиот сега поранешен репрезентативец да ја донесе конечната одлука дали ќе ја продолжи соработката или не.

Вечерва италијанските медиуми пренесуваат дека Џенова му нуди нов договор на Пандев кој би траел до 2022 година.

Тренерот Давиде Балардини и првиот човек на клубот Енрико Прециози не се откажуваат така лесно од искуството на „Гранде“ Пандев кој минатата сезона (2020/21) ја заврши со седум погодоци од 29 настапи со важен придонес за останување во елитата на Апенините.

ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот