ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!

Фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

Горан Пандев ја заврши репрезентативната кареира во третиот настап на Европското првенство на дуелот против Холандија.

При водство од 3:0 за „лалињата“ во 69 минута Пандев ја напушти играта испратен со аплаузи од навивачите на стадионот, нашите фанови кои ги имаше и на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам, љубителите на фудбалот.

Уште една легенда на холандскиот фудбал, Весли Снајдер со почит и аплаузи го испрати својот поранешен колега од Интер во чии бои успеаја заедно да ја освојат Лигата на шампионите.

Севкупно Пандев запиша 122 настапи за нашата најдобра селекција, реализирајќи 38 голови што го направи најдобар стрелец во историјата на македонската А репрезентација.

Секоја чест мајсторе, ти благодариме за сè што направи за дресот на Македонија, ти посакуваме уште многу успеси на личен и професионален план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот