Џејсон Деруло откри дека го очекува првото дете: „Не можам да бидам повозбуден од ова“

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Американскиот пејач и танчер, Џејсон Деруло го очекува своето прво дете со неговата избраничка Џена Фрумс. 

Откако дозна дека ќе стане татко, музичарот плачеше од среќа и призна дека едвај го очекува  денот кога ќе го држи бебето во раце.

Веста за приновата веднаш ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, а тоа го стори на многу емотивен начин.

„Не можеме да бидеме повозбудени за ова ново поглавје во нашите животи“, напиша Џејсон во описот на видеото во кое неговата партнерка го покажа трудничкиот стомак на одморот на Бахамите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Derulo (@jasonderulo)


Да се потсетиме, Џејсон Деруло долго го криеше својот љубовен живот од очите на јавноста, а во мај минатата година тој покажа како ужива со својата нова девојка, Џена Фрумс, која инаку е поранешна партнерка на играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингрд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот