Дезинформациите оружје за дигитална битка во војната во Украина

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Публикувањето на лажните вести и дезинформации се чини дека се составен дел од “колоритот” на битките на војната во Украина која беснее повеќе од една година во светот, како на земјените фронтови така и на Интернет просторот но и во медиумите.

Доказ колкава е навистина опасноста од битките за вистината со дезинформациите говори и неодамнешниот пример во кој тајните планови за воена поддршка на Укрина од САД и НАТО и европските земји, беа објавени преку ноќ на социјалните мрежи и во медиумите. Истите овие исклучително важни воени инфомрации уште побргу по нивното објавување беа и мета на критика за нивната легитимност и вистинитоста нивна станаа предмет и на критика.

Хронолошки гледано наназад наводните класифицирани документи скоро симултано се појавија на социјалните мрежи Твитер и Телеграм и веднаш го свртеа вниманието на Одделот за одбрана на САД кои спроведоа истрага.

“Сме запознати со извештаите за објавени постови на социјалните медиуми, а одделот го прегледува случајот”, изјави портпаролот на Пентагонот за американските медиуми веднаш по нивното објавуање.

Во своја анализа на оваа тема, американскиот неделник Регистер кој е специјализиран за публикување на информации на теми поврзани со борба со дезинформациите пишува дека тајните документите, ако се вистинити, на прв поглед делуваат убедливо иако тие се изменети.
Во промените се
тенденциозно зоглемени наводните американски проценки за убиени Украинци, и истовремено се занемарени руските жртви во конфликтот. Сето публикувано што може да биде знак дека дезинформативна кампања која е поддржана од Кремљ, добива на сериозност.

Скоро симултано со објавите во американските медиуми реагираше и руската страна. Имено, “Греј Зоне“, прорусинскиот канал на Телеграм, ги нарече објавите “дезинформации од западните разузнавачки служби со цел да го заблудат нашиот команден состав во идентификувањето на стратегијата на непријателот во следната контратака.”

Во светло на двете негирања на публикуваните информации, битно е да се напомене дека се битни реакциите на двете страни во војната во Украина на наводно објавените документи кои покажуваат зголемување на свеста за улогата на операциите со информации на интернет во време на војна.

Тоа исто така вреди да се подвлече, и дека воените планови за помош на Украина се појавија веднаш зад слична ваква серија на објави на останати „висококласифицирани документи на руската страна во војната, кои наводно покажуваат дека НТЦ Вулкан, московски консултант во ИТ сферата, започнала да ги поддржува руските воени и разузнавачки агенции во кибер војна, вклучувајќи автоматизирани напори за пропаганда.

Мандиант, кој е во сопственост на Google, ги истражи и двата табори на документите и случувањата ги опиша како дезинформациони алатките ” рамки кои се користат за контролирање на онлајн информативното окружување и манипулирање со јавното мислење, тие вршат зголемување на психолошките операции во војната, складирање и организирање на податоците за напорите на комуникацијата надвор од мрежата.”

Во своја опсервација на оваа тема, воено политичкиот аналитичар Милан Стефаноски вели дека оној кој ќе ја добие битката со дезинформациите односно Русија или Западот се чини дека е на чекор поблиску и од победа и во копнената војна во Украина.

Милан Стефановски – Политиколог / ”Слободен печат” – Драган Митрески

– Верувам дека информирањето за воените случувања влијае на моралот на завојуваните страни во конфликтот, а токму затоа сега и двете страни на големо започуваат со своите кампањи во публикување и спречување на дезинформациите – вели Стефаноски.

Тој поентира дека токму затоа голем дел земји во светот, особено оние со прозападна ориентација се повеќе или помалку на дневна основа се веќе мета на лажните вести и лажните информации кои за цел ги имаат стратешките определби на државите, особено оние како членството во Европската унија и НАТО итн

– Бидејќи повеќе не е мит дека овие вести доаѓаат од еден центар, Русија, земјите меѓу кои се и оние од Балканот изминатиов период со голема брзниа започнуваат да развиваат и системи, стратегии, кои ќе ги направат поотпорни нивните општества на овие лажни вести и дигитални пропаганди кои можат негативно да досегнат до сржта на политичко-економските системи и да направат долгорочни поделби во општеството – заклучува Стефаноски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот