Девојчето повредено во несреќата што се случи во Косовска Митровица ќе се лекува во Шведска

Косовска Митровица/ Фото: EPA-EFE/Djordje Savic

Од четиринаесетте повредени во експлозијата што се случи вчера од неисправна плинска боца во селото Кчиќ во општина Косовска Митровица, четворица се префрлени на Одделот за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Приштина и се во тешка состојба.

Од здравствената установа изјавиле дека во тешка состојба е и десетгодишна државјанка на Шведска која од утре ќе продолжи со лекување во специјализиран центар за изгореници во Шведска.

Десетгодишната шведска државјанка ќе биде префрлена во родната земја, бидејќи како што изјавија лекарите од приштинскиот Универзитетски клинички центар немаат соодветни услови, опрема и стручен персонал.

До несреќата дошло од неисправна плинска боца која експлодирала во момент кога во куќата биле сите членови на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот