Деветмина повредени во сообраќајка кај Ниш

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Девет лица, од кои четири деца се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу пет часот на автопатот Белград-Ниш. Соред првичните информации еден од повредените е во животна опасност, а едно девојче е на интензивна нега.

Несреќата се случила на околу десетина километри од Ниш, кога патнички автомобил од марката „БМВ“ со швајцарска регистрација, управуван од 21-годишник, најверојатно се судрил со комбе управувано од турски државјанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот