„Деветка“ за Мекиќ во првиот триумф на Задар во АБА лигата

фото: KK Zadar/Zvonko Kucelin

После двата порази од Будуќност и Студентски Центар, денеска кошаркарите на Задар стигнаа до првата победа сезонава во АБА лигата откако со 92:57 го совлада Морнар Бар.

За хрватската екипа доминираа Божиќ со 28 поени (седум скокови, четири асистенции) и Дрежњак со 21 поен.

Во триумфот придонесе и македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој за нешто над 15 ипол минути на паркето запиша девет поени, запиша и два скокови и и три асистенции.

На спротивната страна за Црногорците прв стрелец беше Врањеш со 12 поени, еден помалку имаше Волер, а по 10 имаа Мавиен и Мареј.

Во следното коло Задар и Мекиќ ќе му гостуваат на словенечкиот тим на Крка Ново место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот