Детроит е победник на НБА лотаријата, ќе бира прв на драфтот
Легендарниот центар на двократниот НБА шампион, Бен Валас му донесе среќа на Детроит пистонс.
Валас на лотаријата која ја организираше НБА лигата за одредување на екипите при изборот на драфтот, го извлече топчето со името на Детроит пистонс, неговиот поранешен тим.
Како втор ќе избира Хјустон рокетс, по што ќе следуваат Кливленд кавалирс и Торонто репторс. Во првите десет се уште и Орландо, Оклахома сити, Голден Стејт кој го доби изборот на Минесота, Чикаго кој доби два избори од Сакраменто и на крајот како 10 ќе избира Њу Орлеанс.
Детроит пистонс минатата година избра дури тројца кошаркари во првата рунда, Килијан Хејс, Ајзеа Стјуарт и Садик Беј и оваа година ќе има можност дополнително да го освежи тимот со нов млад кошаркар.
Детроит немал ниту еден еден избор меѓу првите пет пикови уште од 2003 година кога го избра Дарко Миличиќ, а претходно од третата позиција во 1994 година го зедоа Грент Хил.
Според прогнозите, прв избор на годинешниот драфт ќе биде бекот на Оклахома стејт универзитетот, Кејд Канингем. Хјустон рокетс се очекува да го избере Ивано Мобли од УСЦ, додека Кливленд трена да го избере Џејлен Грин. Првиот европски кошаркар кој би можел да биде избран на овогодинешниот драфт се очекува да биде Германецот Франц Вагнер кој студира на Мичиген универзитетот. НБА драфтот треба да се одржи на 29 јули.