Детоксикација на организмот: ослободете се од штетните материи и вратете си ја енергијата

фото:pixbay

Доколку чувствувате непријатност во стомакот, тромост, замор, поспаност, време е да направите детоксикација на организмот.

Детоксикацијата претставува третман со кој ќе ги отстраните од организмот штетните материи и ќе си ги вратите силата и енергијата. Најдобра детоксикација овозможуваат овошјето, зеленчукот, водата и чаевите.

 Детоксикација со течности

Чајот од коприва е докажан како одличен прочистувачки пијалaк за крвта. Како добар диуретик помага во исфрлање на отровите од организмот.

Копривата е одлична за бубрезите, односно помага во исфрлање песок од мочниот меур и топење на бубрежните камења. Воедно ги стимулира бубрезите да излачуваат вода, помага во исфрлање на метаболитичкиот отпад од организмот.

Освен копривата, моќни детоксикатори се зелениот чај и водата. Зелениот чај одамна е познат по своите антиоксидантни својства. За него велат дека е најскапоцената течност што можеме да ја внесеме во организмот. Тој ја забрзува работата на црниот дроб што дополнително помага во чистењето на организмот.

фото:pixbay

Водата како еликсир на животот најдобро дејствува врз организмот ако ја пиете доволно, односно до два литри на ден. Но ако сакате да се прочистите, треба да го зголемите внесувањето. Тие што забораваат да пијат вода утрото, треба да го почнат со шише од два литра. Така ќе следите дали доволно ја пиете.

Растителна детоксикација

Овошјето и зеленчукот во свежа состојба, како салати или цедени сокови, се вистински благодат за организмот. Лимонот обезбедува сигурна детоксикација, бидејќи витаминот Ц ги топи токсините и го забрзува исфрлањето од организмот.

Најдобро е ако го пиете свежо цеден, но ако не можете, разблажете го со вода. Не додавајте шеќер, бидејќи го намалува влијанието на витаминот Ц.

За зелката не се зборува многу, но факт е дека е здрава храна. Има силно дејство на ензимите што се наоѓаат во црниот дроб, што го забрзува чистењето на организмот. Освен тоа, зелката е зеленчук со силни антиканцерогени својства.

Освен нив и лиснатиот зеленчук содржи многу хлорофил, кој од организмот ги исфрла различните токсини и го растоварува црниот дроб. Најдобро е да го јадете свеж, бидејќи тогаш влијанието на неговите својства е најголемо.

Детоксикација со препотување

Препотувањето е еден од најосновните начини за исфрлање на отровите и најтрадиционален.

Можете да го направите со редовно спортување, вежбање бикрам јога, која се изведува во загреани простории и се практикува најчесто во ладните денови.

Или, пак, трет начин е со сауна, која помага да се ослободите и од токсичните метали што постојат во вашата околина, а воедно поволно влијае врз метаболизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот