Електрични тротинети/ Фото: ЕПА

Детето кое загина со тротинет било фудбалер во ФК Куманово

Детето кое загина во несреќа што се случи синоќа во кумановското село Черкези било фудбалер во ФК Куманово во помладите категории. Фудбалската репрезентација на Македонија на својата Фејсбук страна го објави неговиот идентитет и изрази сочувство.

– Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на ФК Куманово. Изразуваме искрено сочувство до семејството Асани. Аган засекогаш ќе остане во нашите срца. Нека почива во мир – пишуваат од Репрезентацијата.

Несреќата се случи на регионалниот пат Куманово – Скопје во село Черкези кога возило „мерцедес“ се судрило со електричен тротинет кој го возело детето.

Трагедија кај Черкези – 13-годишно дете загина на тротинет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот