Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Десет полицајци влегле кобната вечер во „Пулс“ и не ја прекинале забавата, ниту реагирале за пиротехниката
Ф.Ф.С.
Пред
Три обвиненија против над 20 полициски службеници поднесе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за трагедијата што се случи во кочанската дискотека Пулс, но од обвинетите полицајци 13 се гонат за смртта на 63 млади луѓе, додека другите за други кривични дела кои можно е да застарат.
Меѓу 13-те актуелни полицајци, четворица се началници во СВР Штип и ОВР Кочани и деветмина полицајци кои биле да вршат контрола вечерта во дискотеката.
Дел од нив биле од Кочани, а дел од Пробиштип и вкупно 10 -мина, заедно со полицаецот што загина вечерта, влегле во дискотеката во 2:22 часот да вршат контрола. Обвинителството ги товари тие што ја наредиле акциската контрола и полицајците кои иако влегле во контрола многу доцна, во преполна дискотека и виделе дека има пиротехника, никој од нив не се упатил кон бината за да ја запре пиротехниката за која немало никаква дозвола да се употребува.
ОЈО – ГОКК – Фото Слободен Печат – Методи Здравев
– На 16.03 2025 година, дел од обвинетите, постапувајќи по наведениот план за акциска контрола во кабаре „Пулс“ во Кочани, не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту мерки за спречување на активирање на пиротехничката опрема на сцената, иако употребата на пиротехника не била пријавена во ПС Кочани. Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар при што придонеле за настапување на смрт на 63 лица, а 223 лица се здобиле со тешки повреди – велат од Обвинителството.
Обвинителката Ивана Трајчева рече дека не може да ги гонат полицајците за тоа што, како што се сведочи и јавно, не им помогнале на луѓето вечерта.
-Тоа кажува за нив самите, човечки никој не знае како, било кој би се однесувал во таква ситуација- рече Трајчева.
Хиерархиска поврзаност и одговорност кај Бирото за јавна безбедност рече дека не може да се најде затоа што акциските контроли ги спроведуваат СВР и ОВР. Всушност за смртта на 63 млади луѓе, се товарат 13 полицајци, односно за „Тешки дела против општата сигурност“ се товарат 13 полицајци, додека другите за други кривилчни дела кои можно е да застарат.
За полицајците против кои беа поднесени првите две кривични пријави, првата против 7 лица, а втората против 10 лица постапката е запрена за кривичното дело – тешки дела против општата сигурност односно не е најдена поврзаност смртните последици што се случија вечерта. Но, седуммина од нив кои постапувале во 2022 и 2023 година ќе се гонат за злоупотреба на службената положба. За дел од нив, односно за полицајците кои постапувале пред 2018 година, предметот е предаден во кочанското обвинителство, а дел не можат да се гонат ниту за злоупотреба на службената положба затоа што ова дело за нив е застарено.
– За дејствијата преземени во 2019 година, имајќи превид дека клубот пријавил загуба, би се работело за делото од член 353, односно злоупотреба на службената положба, за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до три години. Со оглед дека наредбата за спроведување на истражни дејствија донесена на 16 април 2025 година, за овие дејствија е настапено апсолутна застареност на кривичното гонење. Во однос на седум полициски службеници, јавниот обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи е утврдено дека нивните законски надлежности не се во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожарот – велат од Обвинителството.
За злоупотреба на службената положба ќе се гонат полицајците кои постапувале во 2022 и 2023 година. Сите овие направиле пропусти во сообраќајните решенија односно за паркинг местата пред дискотеката и за тоа дали се почитувал јавниот ред и мир.
-Во однос на седум полициски службеници, јавниот обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи е утврдено дека нивните законски надлежности не се во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожарот. За дел од дејствијата е утврдена и застареност на кривичното гонење, додека за дејствијата преземени во 2022 година се водеше предистражна постапка за што денес е поднесено предметното обвинение. Во текот на истрагата беше донесена и Наредба за запирање на истражна постапка за починатиот полициски службеник – велат од Обвинителството.
Обвинителен предлог е поднесен и против тројца полицајци кои пишувале прекршоци на неактивните фирма на сопственикот Дејан Јованов Деко. Сега се очекува Кривичниот суд да ги оцени обвиненијата и да влезат во судска постапка. Никој од обвинетите не е во притвор, за сите се одредени мерки за претпазливост.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Младинците убедливи и против Холандија, ќе се борат за деветтото место на ЕП 2 „Човекот зад името“ — Мерсиха …