Десет поени на Димитриевиќ во поразот од Барселона

Кошаркарите на Хувентуд чиј член е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ со пораз го стартуваа завршниот турнир од „Ендеса“ лигата кој се игра во Валенсија. Најдобрите 12. екипи во Шпанија во разигрувањето се поделени во две групи со по шест тима, а во првиот натпревар Хувентуд е поразен од градскиот ривал Барселона со 92:96.

Димитриевиќ беше дел од првата петорка на Хувентуд, одигра повеќе од 12. минути и за тоа време постигна десет поени.

Морган беше најефикасен кај Хувентуд со 21 поен, додека најдобри стрелци во таборот на Барселона беа Миротиќ со 14 и Клавер со 12 поени.

Покрај Хувентуд и Барселона, дел од оваа група се и екипите на Уникаха, Тенерифе, Билбао и Басконија, додека во другата група се наоѓаат екипите на Реал Мадрид, Валенсија, Гран Канарија, Сарагоса, Андора и Бургос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот