Десет месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова

Според информациите оттаму, отворена е предистражна постапка, која се уште трае, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.

Десет месеци трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови, а по нејзиното исчезнување истрагата ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Според информациите оттаму, отворена е предистражна постапка, која се уште трае, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.

Репортажа на „Слободен печат“: Болката на Брзакови за исчезнатата Марија тежи над Босилово

Обвинителството разгледува повеќе можности на случајот-дали младата мајка навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт. Биле разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Биле земени изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за исчезнувањето на Брзакова

 

.Подолго време нејзиното име е на листата на исчезнати лица на МВР, а пред неколку месеци таа интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица беа поставени и флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на кои што може да се обратат граѓаните.

Неколку денови по нејзиното исчезнување стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Зошто исчезнувањето на Марија се држи во строга тајност?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот