Пелистер - Вардар/ФК Пелистер

Дербито на „вечните ривали“ во Битола ќе се игра под рефлектори

Битола следната среда ќе биде домаќин на пресметката на двата „вечни ривали“ во Првата фудбалска лига, Пелистер и Вардар.

На стадионот „Петар Милошевски“, под рефлектори и со почеток од 20 часот, ќе се одигра најголемото македонско фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар. Се очекува уште еднаш трибините да понудат одлична атмосфера, достојна за натпреварот.

И двата тима влегуваат во дуелот со јасни мотиви и притисок за резултат. Распоредот на табелата ќе зависи и од останатите средби во колото, но јасно е дека Вардар мора да оди на победа за да остане во трката за шампионската титула. Од друга страна, Пелистер ќе се обиде да извлече позитивен резултат со цел да ја подобри својата позиција во борбата за опстанок.

Последниот меѓусебен натпревар во Битола, одигран на 5 ноември, заврши во корист на Вардар, кој тогаш славеше со 2-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот