Денеска се урива доградбата на бутикот „Шејн“, сопственикот сам се фати за работа

Сопственикот го урна бутикот дивоградба на плоштад Македонија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сопственикот на бутикот „Шејн“ денеска самиот почна да ја урива доградбата која заземаше дел од улицата Македонија и каде и во стакленикот ,каде порано беше летната тераса на кафулето, со месеци наназад беа поставени закачалки и се продаваше облека.

 По налог и со решение од Општина Центар за уривање на дивоградбата, сопственикот почна сам да го урива и до крајот на утрешниот ден просторот треба да биде расчистен – велат од Општината.

Од Центар уште пред речиси три месеци информираа дека нивниот градежен инспектор донел решение со кое му наредува на инвеститорот да ја отстрани доградбата на бутикот и да го врати локалот во првобитна состојба. Доколку сам не го стори тоа, како што наведоа од Центар, Општината ќе го урне стакларникот, на трошок на сопственикот.Потоа, работите тапкаа во место, затоа што и покрај законскиот рок од три дена за уривање, сметано откако инвеститорот ќе го прими решението, тешко одеше неговата достава.

По приемот на Заклучокот од страна на инвеститорот, истиот има рок од три дена да го отстрани самиот. Доколку не го стори тоа, општината започнува постапка за административно извршување, која вклучува постапка за јавна набавка, барање за асистенција до МВР и издавање налог на ангажираната фирмата за почеток на административно извршување – објаснија тогаш од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот