Денеска против Австрија по први бодови во квалификациите за СП 2023

Нови репрезентативни обврски за нашите најдобри фудбалерки во европските квалификации за СП 2023/Фото: ФФМ

Македонската женска А репрезентација со висок пораз во Саутемптон од Англија (0:8) ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.

Денеска избраничките на селекторот Кирил Изов ќе го имаат вториот меч во квалификациската група „Д“, во Скопје од 18.00 часот против селекцијата на Австрија на Националната Арена „Тодор Проески“.

Австријките исто така беа убедливи на почетокот од мундијалските квалификации против Летонија на гостински терен (1:8).

Ја имаме улогата на аутсајдер, но уште пред дуелот со Англија од таборот на Изов најавија дека токму Австрија е шансата за добар резултат.

– Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции – вели една од нашите најдобри фудбалерки, Наташа Андонова.

Квалификации СП 2023
Група „Д“

Денеска, 2. коло, двојки –
18.00 часот Македонија – Австрија
20.00 часот Северна Ирска – Летонија
20.15 часот Луксембург – Англија

Несреќен пораз од Романија на женската репрезентација до 19 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот