Дождливо време / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска ќе биде сончево и топло, а на крајот од денот ќе заврне

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер, над 60 километри на час. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 километри на час.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот