Денеска е 1 април, Денот на шегата: Прочитајте како овој ден се одбележува во светот и не заборавајте да насмеете некого!

Фото: Профимедиа

Денеска е 1 април, Светски ден на шегата, кога многумина се трудат со својата досетливост да ги измамат и да ги насмеат другите.

Овој ден се обележува со векови, но неговото потекло е нејасно. Постојат различни толкувања, а едно од нив е дека овој своевиден „народен празник“ се појавил кон крајот на Средниот век во Европа, и претставувал општонародна веселба.

Англичаните мислат дека е преземен од истокот и 1 април го нарекуваат Ден на сите глупаци.

Финците го поврзуваат со пролетното подучување на децата за земјоделските работи, а слично е и во Швајцарија.

Постојат мислења дека корените на овој „празник“ се во Стариот Рим, кој бил познат и по тоа што неговите граѓани знаеле добро да се забавуваат смислувајќи различни шеги.

Фото: Профимедиа

Други сметаат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, околу 1564 година, а за оној кој бил „насамарен“ имале обичај да кажат дека добил „априлска риба“.

Германците го сметаат 1 април за ден кога се ранливи и овој ден го поврзуваат со денот кога се родил предавникот на Христос, Јуда.

Во некои земји, како и во Македонија, постои традиција луѓето да се маскираат за први април.

Годинава,  како и претходната поради коронавирусот улиците нема да бидат преплавени со дечиња и луѓе кои маскирани ќе шетаат по улиците, нема да има организирани настани, но сепак никој не ни забранува, да се пошегуваме на сметка на пријателите, роднините, колегите… но и да се маскираме, дури и за „по дома“. Уживајте во Денот на шегата и насмејте некого!

Видео на денот