Доналд Трамп / Фото: EPA/EFE

Демократите во Сенатот ја осудуваат намерата на Трамп да прифати катарски авион како подарок

Демократите во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат денеска ја осудија намерата на претседателот Доналд Трамп да добие суперлуксузен Боинг 747-8 од катарското кралско семејство за да служи како претседателски авион и најавија дека ќе бараат гласање во тоа тело за да се осуди потегот.

„Уставот е јасен – избраните функционери, вклучително и претседателот, не можат да прифатат големи подароци од странски влади без одобрение од Конгресот“, рекоа сенаторите Крис Кунс, Кори Букер, Брајан Шац и Крис Марфи во заедничката изјава, пренесе Си-ен-ен.

Тие додаваат дека претседателскиот авион е симбол на САД и дека секој претседател кој ќе добие таков подарок, вреден 400 милиони долари, е во јасен конфликт на интереси, како и дека поставува сериозни прашања за националната безбедност и странското влијание.

Сенаторите додадоа дека оваа недела ќе побараат Сенатот да гласа дали некој треба да користи јавна функција за лична корист преку подароци од странство.

Катарски функционер претходно изјави дека авионот технички бил подарок од катарското Министерство за одбрана на Пентагон, опишувајќи го повеќе како меѓувладина трансакција отколку лична работа, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот