Деми Мур / Фото: Riccardo GIordano / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

Деми Мур откри шокантен детаљ од своето минато: Го изневерив сопругот ноќта пред нашата свадба

Актерката Деми Мур, која сега има 62 години, откри шокантен детаљ од своето минато – го изневерувала својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната свадба во 1981 година. Актерката во тоа време била само тинејџерка, а за сето тоа зборувала во своите мемоари.

Иако нивниот брак траел четири години пред да заврши со развод во 1985 година, почетокот бил турбулентен. Деми признала дека ја напуштила сопствената моминска забава за да се сретне со маж што го запознала на снимање.

Во нејзината искрена автобиографија од 2019 година, „Inside Out“, актерката детално ги раскажува своите постапки. „Ноќта пред да се венчаме, наместо да работам на моите завети, се јавив на еден дечко што го запознав на филмски сет“, напиша таа. „Се искрадов од сопствената моминска забава и отидов во неговиот стан“.

Потоа актерката размислувала за своите мотиви: „Зошто го направив тоа? Зошто не отидов да го видам човекот со кого бев решена да го поминам остатокот од мојот живот за да ги изразам моите сомнежи? Затоа што чувствував дека нема простор да го доведувам во прашање она што веќе го започнав. Не можев да излезам од бракот, но можев да го саботирам.“

Мур, исто така, рече дека не чувствувала каење што го „уништила“ претходниот брак на Фреди, со оглед на тоа што се забавувале само неколку месеци пред предлогот. „Бев егоцентрична тинејџерка која не беше воспитана со многу почит кон институцијата брак“, додаде таа.

Откако се разведе од Фреди Мур, Деми се омажи за холивудската ѕвезда Брус Вилис, со кого имаше три ќерки. Нивниот брак заврши во 2000 година, но тие останаа многу блиски и пријателски расположени, особено по борбата на актерот со деменција.

Нејзин трет сопруг беше актерот Ештон Качер, со кого помина осум години во брак, сè до нивниот развод во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот