Делумен локдаун во Париз за наредните 14 дена: Се затвораат баровите, рестораните со построги мерки на работа

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Париз од утре воведува највисок степен на мерки за спречување на ширењето на ковид-19, што значи дека во наредните две недели се затвораат сите барови, а рестораните ќе мора да спроведат нови заштитни мерки за да останат отворени, соопшти канцеларијата на францускиот премиер, Жан Кастекс.

Париз / EPA-EFE/IAN LANGSDON

Кабинетот на Кастекс соопшти дека на подрачјето на Париз не е забележан никаков напредок, откако минатата недела беа прифатени сите три владини критериуми за воведување на највисок степен на мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Работата од дома на подрачјето на Париз сега мора да биде на прво место „повеќе од кога било порано”, а универзитетските предавални и аули не смеат да се пополнуваат со повеќе од половината капацитет, соопшти канцеларијата на францускиот премиер.

– Овие неопходни мерки во борба против ширењето на вирусот, ќе се применуваат две недели во подрачјето на Париз и три департмани што го опкружуваат, се додава во соопштението.

Париз / EPA-EFE/IAN LANGSDON

За да се спроведе највисок степен на мерки за спречување на ширењето на инфекцијата во градот, бројот на новоинфицирани треба да биде поголем од 250 на 100.000 жители и 100 на 100.000 кај постарата популација, додека најмалку 30 проценти од креветите за интензивна нега да се резервирани за пациенти со коронавирус. Тоа значи дека моменталните бројки во градот се и полоши.

Пред една недела, се затворија и рестораните и баровите во Марсеј, град на југот на Франција кој, исто така е жариште на вториот бран на вирусот во земјата, предизвикувајќи протести и неуспешен обид за правна битка. Франција вчера регистрира 12.565 нови инфекции со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот