Словенечки пожарникари Словенија пожар
Пожарникари / Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Делчевските пожарникари добија швајцарска донација во опрема за справување со пожари

Делчевските пожарникари добија швајцарска донација од опрема за справување со пожари на објекти и отворен простор.

Донацијата како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски значително ќе придонесе во опременоста и надградбата на капацитетите на делчевските пожарникари.

Изразувам благодарност на Service du feu -Chardonne, од Швајцарија за донацијата на две скалила за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави, истакна Трајковски.

Донацијата како што додаде се реализира во соработка со наши иселеници од Швајцарија во чија посета деновиве престојуваше општинска делегација.

Посебна благодарност изразувам до нашиот иселеник во Швајцарија, Валери за неговата посветеност во оваа донација. Со нашите пријатели од Швајцарија разговаравме и за идната соработка, за нови донации и за обуки на делчевските пожарникари кои ќе придонесат за стручна надградба на капацитетите на пожарникарите, но и за можна идна соработка во други општествени сфери, додаде Трајковски.

Ова е втора странска донација за Територијалната противпожарна единица од Делчево. Претходно делчевските пожарникари добија донација од доброволното противпожарно друштво од словенечкиот град Чрномељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот