Дел од скали на Ајфеловата кула продаден за 450.000 евра
Фрагмент од Ајфеловата кула што некогаш директно ги поврзувал вториот и третиот кат, се продаде на аукција за 450.160 евра, трипати поголема цена од онаа на која беше проценета – од 120.000 до 150.000 евра, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Делот има 14 скалила, високи 2,75 метри и дијаметар од 1,75 метри и се направени од челик. Историскиот артефакт поминал повеќе од четириесет години во истата приватна колекција откако бил демонтиран во 1983 година. Целосно е реставриран за аукцијата.
– Кога купувате парче од Ајфеловата кула, купувате парче од Париз, заедно со целата имагинација и симболика што ја претставува – рече Сабрина Дола, директорка за дизајн во стилот Арт Деко во аукциската куќа „Арткуриал Париз“ каде што се одржа продажбата.
View this post on Instagram
Оригиналните скали, кои самиот дизајнер Густав Ајфел ги користел за да се искачи до својата канцеларија на врвот од кулата, биле отстранети пред повеќе од четири децении од практични и безбедносни причини. За време на големата реновација на кулата во 1983 година, лифтовите ги замениле тесните спирални скали што ги поврзувале вториот и третиот кат.
Потоа скалите беа исечени на 24 дела со различна големина. Четири дела биле зачувани како дел од културното наследство на Франција, додека преостанатите дваесет биле понудени на аукција на колекционери од целиот свет, што предизвика голем медиумски интерес.


