Деко се бунел дека душекот во затвор не му бил добар и дека многу често му вршеле претреси, други забелешки пред управата во Куманово немал
Ивана Коцевска, Адвокатката на сопственикот на кабарето „Пулс“ каде што во пожар имаше 63 жртви, на денешното рочиште го извести судот дека добиле усно одобрување од притворот во Шутка дека може да биде преместен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, Судот прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.
Од управата апелираат да не се земаат предвид паушални изјави што го нарушуваат угледот на затворот. Појаснуваат дека редовни претреси се прават во сите ќелии, а не само кај него.
Па така, од она што можеше да се сфати во судницата, Јованов останува во затворот во Куманово, иако неговата одбрана добила усно известување од Шутка дека има капацитет за прием на затвореници и има безбедносни услови.
Адвокатката се обиде да објаснува дека е нормално да кажат така и дека телефонот што му го нашле не бил на негово име. Од јавноста се слушна: „И Пулс не беше на негово име“.


