Судење за пожарот во Кочани / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Не можам да доаѓам на судења, болен сум, ќе ме „лишат“ во Кочани, однесете ме и во притвор, бара обвинет во „Пулс“

Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме „лишат“ во Кочани, барам од Судот некое решение. Со вакво барање пред почетокот на денешното судење за трагедијата во Кочани, излезе обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде што беше кабарето „Пулс“, во кое загинаа 63 млади луѓе.

Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.

-Болен сум, никој не ме сфаќа сериозно, барам нешто да преземете. Како да доаѓам кога немам сили, не можам да седам овде по пет саати и да ме возат – рече тој.

Судијката Диана Илиевска Груевска рече дека била информирана за неговата здравствена состојба, но според нејзините информации неговата состојба не е толку сериозна. Милковски кажа дека нема да доаѓа од следното рочиште, а судијката му кажа дека ако не дојде на следното рочиште, ќе предложи притвор за него.

-Нека ме носат и од притвор. Фала и на тоа – рече Милковски.

На денешното рочиште треба да се сослушаат очевидци предложени од обвинителството.

Во судницата има мал број родителите на загинатите, но сепак можеше да се слушнат негодувања за барањата на Милковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот