Дејвис: Остваривме важна победа против силен противник како Монпелје

дејвис
Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис/Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Давид Дејвис со победа дебитираше на клупата на Вардар во натпреварите во Лигата на шампионите,откако „црвено-црните“ со 25:28 славеа на гостувањето кај Монпелје.

Дејвис кој дојде на местото на Веселин Вујовиќ,  успеа да ги размрда ракометарите кои од натпревар во натпревар играат се подобро под негово водство, а со прикажаната игра против Монпелје потсетија на „црвено-црната“ машинерија која освои две титули во ЛШ.

– Сакам да им честитам на играчите, тие завршија фантастична работа, одиграа одлично против Монпелје. Ова е многу важна победа, имаше голема борба и среќен сум за триумфот. Нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од тоа што го прикажавме против ваков силен противник – изјави Дејвис.

Оливие Њокас со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар, а по натпреварот Французинот откри дека по доаѓањето на Дејвис, работите во екипата тргнале многу подобро.

– Задоволни сме како одигравме. Откако Дејвис пристигна во клубот, ние многу работевме. Овој триумф не е на среќа. Секој играч си ја вршеше својата задача и сите работевме напорно за да дојдеме до посакуваната форма. Не е лесно да се дојде тука и да се победи. Овој триумф е важен за нас, се надевам дека победите ќе ни се множат. Имавме разочарувачки партии на изминатите средби и се надевам дека овој дуел ќе ни биде од голема помош за средбите кои слредат – рече Њокас на прес-конферецијата по натпреварот.

Со победата над Монпелје, Вардар се искачи на шестото место на табелата во групата А и наредната недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против ППД Загреб во натпревар кој ќе одлучува за пласман во нокаут фазата во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот