Дејан Пановски е новиот претседател на Скијачката федерација на Македонија

Фото: facebook.com/dejan.panovski

На Изборното собрание на Скијачката федерација на Македонија беше одлучено за нов претседател да биде прогласен Дејан Пановски.

Пановски е инаку поранешен алпски скијач, со два настапи на Зимските олимписки игри во 1998 и 2002 година, а воедно настапуваше на Светско првенство во сениорска и јуниорска конкуренција.

Тој беше едногласно избран од страна на 13 клубови, а на изборот присуствуваше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт.

Мандатот на Пановски ќе трае една година, а потоа ќе се одржи нов избор во собранието на федерацијата. Како што самиот најавува, ќе го даде максимумот зимскиот спорт во нашата земја да има подобри резултати и се бележи поголем напредок.

Целта на Пановски ќе биде да се унапредува квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија, да се обезбедат средства за млади талентирани натпреварувачи, усовршување на постоечките стручни кадари, како и популаризација и заживување на скијачките клубови, а со тоа и зимскиот спорт во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот