„Deep Purple“ објавија нова песна: Слушнете ја „Nothing at All” (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Се ближи објавувањето на 21-от студиски албум на познатиот британски хард рок бенд „Deep Purple“…

Албумот под назив „Whoosh!“, во продукција на дискографската куќа „earMUSIC“, ќе излезе на 7-ми август, а бендот го објави новиот сингл „Nothing At All“.

Продуцентската палка повторно ја презема канадскиот продуцент Боб Езрин, кој работеше и на последните два албуми на бендот: „Now What!“ од 2013 и „Infinite“ од 2017 година.

album Whoosh!, promo

Албумот „Whoosh!“ ќе биде достапен во лимитирано издание CD+DVD кое вклучува и едночасовен разговор со Роџер Гловер и Боб Езрин и исто така уникатно, за првпат, комплетно видео од настапот на бендот на фестивалот „Hellfest“ кој се случи во 2017 година. Исто така, ќе биде достапна и верзија на грамофонска плоча и DVD, а воедно албумот ќе може да се набави и во дигитална верзија.

– Овој албум вклучува материјали кои најмногу ги израдуваа членовите на бендот, вклучувајќи го и Боб Езрин. Отсекогаш уживавме да создаваме нова музика и да го пренесеме тоа задоволство на нашите лојални обожаватели, изјави гитаристот Стив Морс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот