Дедото на Хитлер бил Евреин?!

Последните истражувања на историчарите водат кон шокантно сознание – Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер бил Евреин!

Токму Адолф Хитлер е виновен за милиони настрадани во Втората светска војна, сметајќи дека „ариевската раса е супериорна“ и единствена раса, додека Евреите ги мразел и ги сметал за инфериорни.

Сега се чини дека историчарите пронашле докази кои покажуваат дека дедото на Хитлер бил Евреин.

Д-р Леонард Сакс рекол дека неговата баба, иако секогаш одбивала да открие со кого забременила, всушност, нејзиното дете го добила со Евреин кој живеел во Грац.

За прв пат Хитлер со еврејско потекло се спомнува во 1930 година, кога адвокатот на Хитлер Ханс Френк рекол дека открил доказ дека дедото на нацистичкиот водач живеел во куќата во која работела неговата баба.

Многумина по погубувањето на Френк, по процесот во Нинберг, ја отфрлиле оваа теорија. Дури еден познат австриски историчар Николас фон Прерадович, наводно, пронашол доказ кој сугерирал дека во Грац во 1836 година, кога е зачнат таткото на Хитлер Алоис Шиклгрубер, немало Евреи.

Меѓутоа, д-р Сакс успеал да докаже дека во Грац имало Евреи и пред 1850 година. Исто така, ги претставил доказите дека Прерадивич бил симпатизер нацист, и дека тој бил навреден од наводите дека Хитлер би можел да има еврејско потекло.

– Размислував за тоа дека неонацистите ги навредува фактот што Хитлер има еврејско потекло, затоа што тие ги мразат Евреите. Исто така, Евреите ги навредува фактот дека Хитлер би можел да има еврејско потекло. Но, сега речиси цел еден животен век помина од Третиот рајх и сега не е време да се прашуваме што повеќе навредува, туку што е вистина и да се обидеме да ги разбереме Хитлер и Холокаустот – изјавил.

Бабата на Хитлер, Марија Ана Шиклгрубер, мајка на неговиот татко Алоис, била сиромашна и живеела на село во северозападниот дел на Австрија.

Малку се знае за нејзиниот живот пред нејзината 42-ра година од животот, кога како немажена, го родила таткото на Хитлер. Историчарите забележале дека таа одбила да признае од кој човек забременила, па во книгата на родени не пишувало ниту едно име како име на татко. Подоцна се омажила за Јохан Георг Хајдлер, кој потоа го посвоил Алоис, а така е заведено и во книгата на родени.

Потеклото на Хитлер доведено е во прашање кога неговите противници почнале да шират гласини за тоа дали, всушност, неговиот дедо е Евреин. Тоа на нацистите, на кои „чистокрвната ариевска линија“ им била најважна, секако нималку не им се допаднало.

И самиот Хитлер во 1931 година издал наредба да се истражат наводните гласини за неговото еврејско потекло. Неколку години подоцна, поточно во 1937 година, докторот кој се занимавал со истражување на гените, по дозвола на Хитлер, го објавил откритието до кое дошол, а тоа е дека Хитлер има потекло од австриските Германци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот