Датоме и Галинари подготвени за Мундобаскетот – Слободен печат
КошаркаСпорт

Датоме и Галинари подготвени за Мундобаскетот

Одлични вести за италијанската репрезентација.

Во таборот на италијанската кошаркарска репрезентација конечно слушнаа добри вести. Едни од најдобрите кошаркари на „Аѕурите“, Луиџи Датоме и Данилко Галинари се подготвени да настапат на Светското првенство во Кина.

Комплетните подготовки, Италијанците ги одработија без Датоме и Галинари кои се мачеа поради незгодните повреди,  но најновите прегледи покажаа дека се подготвени за настап.

Двајцата кошаркари уште утре ќе се појават на теренот на пријателскиот натпревар против Србија на последниот турнир пред стартот на Мундобаскетот.

Затоа пак, на утрешната средба нема да настапи Амаедео Дела Вале која има истегнување на вратните мускули и ќе одмора до стартот на СП (31 август), а во составот исто така нема да биде и Џампаоло Рици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close