Данските ракометари во Токио се чувствуваат измамени: Овие Игри немаат смисла

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Актуелните светски и олимписки ракометни шампиони Данците се револтирани од ограничувањата поради ситуацијата со ковид-19 по нивното пристигнување во Јапонија.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен вели дека не гледа смисла во одржување на Летните олимписки игри под вакви услови.

До заминувањето во Олимпиското село, Данците се сместени во многу луксузен хотел на брегот на Окинава, но не им е дозволено да ја користат ниту плажата, ниту базени во хотелот. Играчите и стручниот штаб практично не смеат да ги напуштаат хотелските соби.

– Морам да кажам дека не гледам смисла во одржувањето на Игрите под вакви услови. Јас не разбирам. Имам впечаток дека сето ова е направено само за луѓе надвор од спортот, а на штета на спортистите за кои треба да постојат Олимписките игри – рече данскиот селектор Јакобсен.

Данската федерација некако успеа да преговара играчите да имаат најмалку еден час на ден за да го користат базенот и само тогаш можат да излезат од собите.

– Ми рекоа и верував дека условите ќе бидат неизмерно подобри од оние со кои се соочуваме во Окинава. Да знаевме дека ќе биде вака, ќе заминевме веднаш на тренинг кампот во Токио, каде барем знаеме дека движењето е строго ограничено и дека се следи со GPS (глобален систем за позиционирање) – додава лутиот Јакобсен.

Првиот натпревар на олимпискиот турнир Данска ќе го игра на 24 јули против домаќинот Јапонија. Покрај нив, во групата „Б“ се и Шведска, Египет, Португалија и Бахреин.

Олимписките игри во 2032 година ќе се одржат во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот