Данска: Владата сака да го укине ДДВ-то на книгите за да го поттикне читањето
За да го поттикне читањето, данската влада сака да го укине ДДВ-то за книгите, кое моментално изнесува 25%, објави денеска министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Владата предлага во предлог-законот за буџетот да се укине ДДВ-то за книгите“, рече тој во интервју за агенцијата Рицау.
„Мораме да направиме сè за да се справиме со оваа криза со читањето, која, за жал, се шири во последните години“, објасни министерот, појаснувајќи дека укинувањето на ДДВ ќе ја чини државата 330 милиони круни (44,2 милиони евра) годишно.
Според најновиот извештај на PISA од Организацијата за економска соработка и развој (OECD), данските 15-годишни ученици немаат минимални вештини потребни за разбирање и извлекување информации од едноставен текст, процент што се зголемил за четири поени за десет години.
Данска има највисока стапка на ДДВ за книги во Европа, додека многу земји имаат усвоено намалени или посебни стапки. Велика Британија не наплаќа ДДВ за книги.
Данските издавачи се за укинување на ДДВ.
„Во комбинација со „зголемена набавка на книги за јавните и училишните библиотеки, (мерката) би можела дополнително да ја зајакне културата на читање и да обезбеди пристап до печатени книги за сите Данци – и деца и возрасни“, напишаа тие во извештај што го доставија до министерот кон крајот на мај.


