Данецот Валтер по заминувањето од Битола ќе работи во Јапонија

Valter

Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер брзо пронајде нов клуб по заминувањето од Битола.

Кариерата данскиот стратег ќе ја продолжи во Јапонија каде што ќе биде тренер на тимот на Тојота Аутободи. Промоцијата на Валтер треба да се случи во наредните денови, а негова задача ќе биде да ја одбрани титулата во домашното првенство.

Валтер додека беше тренер на Еурофарм Пелистер го освои турнирот во Струга и Суперкупот на Македонија, а успеа да ги одведе „пелистерци“ и на фајнл-фор турнирот во СЕХА што за овој клуб е најголем успех во регионалното натпреварување.

Раководството на Еурофарм Пелистер одлучи да му се заблгодари по неговите лоши настапи во Лигата на Европа каде што „зелено-белите“ не успеаа да ја поминат групната фаза, па спогодбено беше прекината соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот