Данците се откажаа, двата квалификациски турнири за ЕП ќе се одржат во Скопје!

фото: ОФМ

Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на најдобрите македонски одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири, информираат од Одбојкарската федерација на Македонија.

Шансата за тоа се зголемува со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година.

Поради ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција ќе се надмудрува со Турција и Босна и Херцеговина за европска виза. Тоа е добра перспектива, доколку се знае дека македонскиот национален тим е 49 светска сила според актуелната ранг-листа на ФИВБ, а ЦЕВ го задржа форматот според кој ќе бидат одредени 24 репрезентации кои ќе играат на шампиoнатот во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Фото: cev.eu

Првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани, ќе обезбедат европска виза. По откажувањето на Данците, за втор пласман во елитата едноподруго, според првичните калкулации, на генерацијата на капитенот Никола Ѓорѓиев ќе ѝ бидат потребни две победи против Босна и Херцеговина со 3:0 и со 3:1, како и барем бод од двомечот со фаворитот Турција.

Доколку „црвено-жолтите“ успеат да освојат барем два сета во еден од натпреварите против 29 селекција на ранг-листата на ФИВБ, тогаш огромна ќе биде веројатноста повторно да играме на ЕП. Босанците се 69 на скалата, па со нив очекуваме максимални шест бода без загубен сет, затоа што објективно имаме поголем индивидуален квалитет, а и ќе сервираме против нив од позиција на 49 рангирана светска сила.

Откако успешно аплицираше за организација на двата квалификациски турнири, ОФМ дополнително треба да го одреди и да го соопшти календарот и термините за натпреварите кои ќе бидат одиграни во салата „Борис Трајковски“’ во Скопје. Перидот ќе биде од 10-17 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот