Данците не сакаат нивната репрезентација да игра на Мундијалот во Катар

epa06178190 Denmark's Christian Eriksen (L) celebrates with Thomas Delaney after scoring a goal during the 2018 FIFA World Cup qualifying football match Denmark vs Poland at Parken, Copenhagen , Denmark, 01 September 2017. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Неверојатна вест доаѓа од Данска каде дел од јавноста има негативен став кон Светското првенство во Катар 2022 годна и дури не сакаат нивната репрезентација да биде дел од Мундијалот.

Причините за ваквиот став се познати, Данците се убедени дека Катар на сомнителен начин ја доби организацијата на СП 2022, односно докажано е дека станува збор за корупција, а уште еден проблем е секојдневното кршење на човековите права на работниците кои работат на изградба на стадионите.

Последниот извештај на „Амнести интереншнл“ покажа дека 100 работници дури седум месеци не земале плата, а условите во кои живеат и работат, претежно работници од сиромашните Шри Ланка, Бангладеш и Филипини се под сите стандарди.

Дека Данците се сериозни во своите намери да ја натераат својата репрезентација доколку обезбеди пласман, сепак да неигра на Мундијалот во Катар, сведочи и информацијата дека навивачите на најголемите фудбалски екипи покренаа петиција со која треба да се соберат 50.000 потписи кои потоа ќе се предадат на собранието со барање репрезентацијата и фудбалската федерација на Данска да го бојкотираат СП во Катар.


„Ние предложуваме Собранието (Фолкетинг) да гласа за тоа дали машката данска репрезентација треба да учествува на СП во Катар 2022 бидејќи фудбалската федерација на Данска и селекторот Каспер Хјулманд најавија дека таква одлука мора да биде донесена политички. Затоа сметаме дека Собранието треба да презеде мерки со кои на репрезентацијата ќе биде забрането заминување на СП во Катар.
Добивањето на организацијата на СП на Катар е проследено со обвинувања за корупција, државата е диктаторска и кон работниците се однесува како да се робови. Се проценува дека 3.000 робови ги загубиле животите од почетокот на изградбата на стадионите за СП. Време е сите да застанеме зад вредностите кои ни се блиски како што се демократија, слобода на говор и основни човечки права дури и по цена на финансиски загуби за Федерацијата“, стои во соопштението на навивачите.

Селекторот Каспер Хјулманд неодамна призна дека би се согласил да не игра на СП доколку политичарите донесат таква одлука.
– Ќе ја прифатам секоја одлука што ќе биде донесена од политичарите. Исто така доколку некој играч ми рече дека не може да игра на СП бидејќи се одржува во Катар, ќе го подржам и него. Но, јас мислам во сево ова постои лицемерие и дволичност. Што е со данските компании кои работат таму. Во Катар се игра тенис, голф, Формула 1 и други спортови. Доколку нешто се случи во врска со Катар тоа нема да биде од светот на спортот. Ќе биде многу чудно ние да бидеме единствената организација која ќе каже „Не“ кога толку многу други се таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот