Дамјан Стојановски останува верен на МЗТ Скопје: Сега како играч, а потоа и како дел од управата 

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Долгогодишниот капитен на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, е првиот кошаркар кој летово ја обнови соработката со МЗТ Скопје Аеродром, што значи продолжување на љубовта која веќе една деценија постои помеѓу клубот и легендата на македонската кошарка.

„Кога двајца се сакаат и почитуваат, договор лесно се постигнува па така и официјално може да потврдиме дека нашиот Дамјан и десетта сезона ќе го носи сино-белиот дрес на деветкратниот шампион на Македонија. A, дека „врската“ е сериозна и на долги патеки говорат и плановите на управата за вклучување на Стојановски во клупскиот менаџмент, секако откако ќе реши да ја заврши играчката кариера – пишува на официјалната интернер страница на МЗТ Скопје.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Дамјан Стојановски од 2012 година е дел на „металците“, а оттогаш само во сезоната 2016/17 не беше дел од тимот бидејќи се опоравуваше од тешката повреда добиена на меч за македонската репрезентација. Дамјан Стојановски со МЗТ Скопје освои седум шампионски трофеи, пет победи во Купот на Македонија и три во Суперкупот.

Покрај Стојановски, во моментов под договор се и Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и Бре Ајви, како и тројцата младинци – Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот