Дамјан Робев: Имаме доста ослабен ростер, но ќе одиме на максимален ефект во Талин

фото: kfsm.mk

Дамјан Робев полека, но сигурно, си го најде своето место во македонската кошаркарска сениорска репрезентација. Беше важен дел од успешно реализираните натпревари во првиот круг од претквалификциите за Евробаскетот во 2025 година. Од него стручниот штаб очекува да продолжи во ист ритам и на турнирот кој следува. Уште еден претквалификациски, но сега доста поважен, би се рекло, за настап на Олимпијадата во Париз.

– Секогаш е убаво чувството да се игра за националниот тим. Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. А на максимален ефект ќе одиме и на турнирот во Талин. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но, се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание и дека ќе дадеме сè од себе – вели Робев.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА –

Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Ти-Џеј Шортс
Андреј Јакимовски
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Андреј Маслинко
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор Ефремоски
Љубомир Младеновски
Андреј Андоноски
Теодор Симиќ
Андреј Шошкиќ
Резарт Мемед
Марин Петков
Андреј Митревски
Амар Хот

Љубомир Младеновски по пауза од една година повторно е дел од репрезентацијата

Андреј Маслинко: Ќе одиме на победа на секој натпревар во Талин

Не е лесно да се влезе во оној „работен ритам“ особено доколку се знае дека зад најголем дел од играчите, не само во нашиот национален тим, се скоро два месеци паузирање, односно одмор по напорите кои со себе ги донесе ланската сезона. Но, тоа не треба да биде пречка во реализацијата на планираните активности во периодот кој следува:

– Ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме, но сепак периодот за тоа е доста краток. Особено по еден двомесечен период на пауза од крајот на ланската сезона, малку е потешко да влезеш во ритам. Но, мислам дека ќе бидеме добри. Дека ќе прикажеме добри игри. Нема фаворити помеѓу овие репрезентации, пред сè затоа што сите доаѓаат со ослабен ростер. Не можат сите да дојдат во полн состав. Оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме „пата-пата“ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро – рече македонскиот репрезентативец.

Првопласираните две репрезентации од собирот во Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се пресели во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри. Победникот на овие квалификации ќе биде и учесник во оние главни квалификации за Олимпијадата во Париз.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ-ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

12. АВГУСТ
16.00: Чешка – Естонија
19.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ
16.00: Израел – Чешка
19.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14.АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

15. АВГУСТ
16.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА
19.00: Израел – Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот