Дама пред се: Кејт Мидлтон воодушеви во префинето издание (ФОТО)

Симпатичната војвотка се одлучи за сино од глава до пети…

Војвотката од Кебриџ изгледаше елегантно во фустан со точки, кога ја посети куќата „разоткривач на кодови“ од Втората светска војна.

„Блетчли парк“ има посебно значење за Кејт бидејќи нејзината баба по татко, Валери Гласбоуру, во Втората светска војна, заедно со сестрата близначка Мери, работеле во познатата „Колиба 16“. Тоа било центар за шифрирање на „Блетчли Парк“, каде биле дешифрирани пораките кои Германците ги испраќале со помош на своите машини за шифрирање на „Enigma“, која особено ги измачила Британците.

Војвотката од Кембриџ се појави убаво расположена кога пристигна во „Блетчли парк“, каде ја поздравија бројни возбудени фанови. Таа имаше насмевка постојано на своето лице додека ги поздравуваше луѓето.

Кејт изгледаше подготвено за пролетта во својот прекрасен фустан со средна должина, кој веќе го носеше на една прилика минатата година.

Симпатичната војвотка се одлучи за сино од глава до пети. Таа убавиот фустан го искомбинира со сини антилоп салонки потпишани од Еми Лондон. Го надополни изгледот со опуштен мејкап, локни и пар бисерни обетки.

БОНУС ВИДЕО:

Видео хороскоп за 15 мај 2019, среда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот