Дали знаете зошто навивачите фрлаат тениски топчиња и бонбони на терените во Бундеслигата?

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германската фудбалска лига (ДФЛ), која ја организира Бундеслигата, во четвртокот објави дека се откажала од планираниот договор со приватни инвеститори, по силните протести на навивачките групи против проектот.

– Со оглед на актуелните случувања, успешното продолжување на процесот веќе не изгледа возможно – изјави Ханс-Јоаким Ватцке, портпарол на претседателството на ДФЛ, по состанокот во Франкфурт.

Навивачите веќе неколку недели протестираат против овој проект, особено со прекин на натпреварите со фрлање предмети на терените, што доведува до чести прекини на играта.

Во декември, германски фудбалски клубови од прва и втора лига гласале да му дозволат на финансиски инвеститор да преземе удел во медиумската група на ДФЛ во договор кој се проценува во вредност помеѓу 900 милиони и 1 милијарда евра.

Но, тоа предизвика повеќемесечен бран протести на навивачите кои се спротивставија на овој потег, што тие го сметаа за дополнителна комерцијализација на фудбалот во земјата. Во текот на многу натпревари, тие ја прекинуваа играта со фрлање тениски топчиња и бонбони, и преку транспаренти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот