Дали жените во одредени професии се изложени на поголем ризик од рак на јајчниците? Во еден случај се зголемува на 85 отсто

Фото: Пекселс

Иако научниците повикуваат на претпазливост и тврдат дека мора да се направат дополнителни истражувања, првите податоци укажуваат дека жените кои доаѓаат во контакт со бројни „агенси“ се изложени на најголем ризик, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Фризерите, козметичарите и жените кои работат сметководство би можеле да бидат изложени на поголем ризик од развој на рак на јајчниците , покажуваат резултатите од новата студија. Голем ризик носи и работата во продажба, малопродажба, шиење или менување облека и градежништво, покажуваат резултатите од истражувањето објавени во стручното списание „ Медицина на трудот и животната средина“ (Occupational and Environmental Medicine).

Фото: Пекселс/ rdne-stock-project

Сепак, авторите на студијата нагласуваат дека заклучоците се прелиминарни и ги повикаа колегите дополнително да ја испитаат врската помеѓу ризикот од рак на јајчниците и различните професии.

Истражувачите, предводени од академици од Универзитетот во Монтреал, Канада, го поврзаа занимањето со ризикот од развој на рак на јајниците откако ги проучуваа податоците за 490 Канаѓанки, на кои им беше дијагностициран рак на јајчниците и ги споредија со 897 жени без оваа болест.

Фото: Пекселс/ mikhail-nilov

Тие, исто така, ги споредија овие податоци со канадската матрица за изложеност на професионални токсични супстанции за да ги испитаат потенцијалните опасности на работното место – на пример, дали е поголема веројатноста да дојдат во контакт со одредена хемикалија додека се на работа.

Откако ги земаа предвид потенцијалните фактори на ризик, тие открија дека некои работни места може да се поврзани со зголемен ризик од болести. Кај оние кои работеле како фризери или козметичари, забележан е трикратно поголем ризик.

Исто така, жените кои поминале цела деценија во сметководство имале двојно поголема веројатност да заболат од оваа болест, додека градежните работници биле речиси три пати поголеми шанси да ја добијат болеста. Кај продавачките ризикот од рак на јајниците е за 45 отсто поголем. Тој процент се зголемува до дури 85 проценти за оние кои шијат, кројат или прават корекции на облека.

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Идентификација на опасни материи и материјали

Истражувачите велат дека оние жени за кои е утврдено дека имаат зголемен ризик од рак на јајниците, исто така, има поголема веројатност дека биле изложени на голем број „агенси“ вклучувајќи козметички талк, амонијак, водород пероксид, разни видови прашок за коса, синтетички влакна, полиестерски влакна, органски бои, пигменти и избелувачи.

„Потребни се понатамошни истражувања засновани на набљудување на поголем примерок за да се проценат можните опасности за работничките и занимањата што обично ги вршат жени “, наведуваат авторите на студијата.

Експертите од Националниот институт за рак во Мериленд, САД, кои не учествувале во опишаното истражување, истакнуваат дека жените се недоволно застапени во истражувањата кои го поврзуваат ракот и различните занимања.

„Со исклучувањето на жените, ја пропуштаме можноста да ги идентификуваме факторите на ризик за рак специфични за жените, да процениме дали постојат разлики во ризикот специфични за полот и да ја проучуваме изложеноста што се јавува во професии со кои првенствено се занимаваат жени“, велат група американски експерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот